Не можат да ни забранат да сонуваме, Македонија уште има теоретски шанси за четвртфинале на СП

На едно коло до крајот на главната фаза по групи на ракометното Светско првенство, математиките велат дека Македонија уште има теоретски шанси за пласман во четвртфиналето.

Во моментов, во групата 2 води Франција со 8 бода и таа е веќе сигурен патник во четвртфиналето, а битката за второто место ќе ја водат четири тима. Најблиску до четвртфиналето е Унгарија, која има бод повеќе од Македонија и Холандија, а во последното коло утре игра со аутсајдерот Катар.

И Македонија има минимални шанси. Сепак, ќе ни требаат три услови кои се тешко изводливи, но никој не може да ни забрани да сонуваме. За да бидеме втори во групата, ќе мора да ја победиме Франција во вечерниот меч, а пред тоа Унгарија да загуби од Катар и Холандија да не ја победи Австрија.

- Оглас -

Најнови вести