Не можат еден без друг – Матиќ ќе прави хет-трик со Специјалниот од Португалија

Немања Матиќ и Жозе Мурињо повторно ќе бидат заедно и во трет клуб во нивните богати кариери, а овојпат Специјалниот од Португалија ќе му биде тренер на српскиот репрезентативец во Рома.

Матиќ си заминува од Манчестер јунајтед и речиси сигурно се сели во редовите на Римската Волчица, која како тренер ја предводи Мурињо.

Трансферот на 33-годишниот дефанзивен играч за врска ќе биде бесплатен, бидејќи на Матиќ му завршува договорот со Манчестер јунајтед и може да си замине без отштета.

Претходно Мурињо, кој е еден од најтрофејните тренери на сите времиња му беше кормилар на матиќ во Челзи, а потоа и во Манчестер јунајтед и одлично ги познава квалитетите на српскиот репрезнтативец.

 

- Оглас -

Најнови вести