Навивачите на Сундсвал имаат забранет пристап на трибините, како што е во повеќето фудбалски шампионати низ Европа. Сепак, тие најдоа начин како да го поддржат тимот кој денес стартуваше со обврските во втората шведска лига.
Најверните на второлигашот се искачија на брдо кое е во близина на стадионот, па со пиротехника и развиени знамињата се приклучија на стартот на сезоната. Поддршката добро му дојде на Сундсвал бидејќи славеше со 3-1 во дуелот против Умеа.
https://twitter.com/Dplay_Sport/status/1272936952757661696