Не може без корона-маки и на Ролан Гарос – Има два случаи, се повлекоа првите носители

Во првата недела од Ролан Гарос веќе почнаа и првите проблеми со корона-вирусот, а објавено е дека двајца тенисери имаат позитивен тест и се повлечени од турнирот.

На турнирот и официјално ги нема првите носители во игра на машки двојки, Никола Мектиќ и Мате Павиќ, па веќе е познато дека двајцата хрватски тенисери се позитивни на ковид-19.

Мектиќ и Павиќ се рангирани како топ носители на Ролан Гарос и денеска требаше да играат против шпанската комбинација Фелисијано Лопес и Мунар, но мечот нема да се игра.

Место нив на турнирот се уфрлени Пабло Андухар и Педро Мартинес, шпанското тениско дуо.

Ова е прв случај на учесници на тековното издание на гренслемот во Париз кои имаат проблеми со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести