Не може да е подобро за Ливерпул: Клоп потпиша нов договор

Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул според кој германскиот стратег ќе остане на „Енфилд роуд“ до јуни 2026 година. Договорот на Клоп беше до јуни 2024 година, а според пишувањата на дел од светските медиуми, постигнат е договор за соработка кој ќе го задржи на чело на клубот и во следните четири сезони.

Клоп во Ливерпул дојде во октомври 2015 година и успеа клубот да го однесе на врвно ниво. Со него на чело, Ливерпул по пауза од 30 години, повторно ја освои Премиер лигата, а се радуваше и на титула во Лигата на шампионите. Сезонава, Ливерпул има историска шанса за неверојатен подвиг и во една сезона да освои четири трофеи.

Во витрините на „Енфилд роуд“ веќе е трофејот од Лига купот, ќе играат во финалето во ФА купот, а се на чекор од финалето и во Лигата на шампионите. Во Премиер лигата, Ливерпул е во трка со Манчестер сити за освојување на шампионскиот трофеј.

- Оглас -

Најнови вести