Четирикратниот европски првак Ајакс во Амстердам вечерва е домаќин на Наполи, во меч од третото коло во Лигата на шампионите. Наполи има перфектен биланс од шест бода, додека Ајакс е со една победа и пораз, што значи дека домаќините се под притисок дека треба да ги освојат трите бода.
Овие два клуба имаат богата историја зад себе, а во минатото биле дом на двајца од најдобрите фудбалери во историјата. Ајакс е домот на Јохан Кројф, па не случајно и стадионот во Амстердам го носи неговото име „Јохан Кројф арена“.
Наполи се гордее со Диего Армандо Марадона, фудбалер кој кога го носеше дресот на овој италијански тим, освојуваше и трофеи во Серија А.
Кројф и Марадона починаа, а Ајакс на оригинален начин го најави дуелот против Наполи со илустрација како двете фудбалски легенди заедно седат на небото и го чекаат мечот на нивните омилени екипи.
A legendary matchday.#UCL #ajanap pic.twitter.com/h4NPEnJUBo
— AFC Ajax (@AFCAjax) October 4, 2022