Не може да молчи цел меч – Бензема е закон, пак ја тресе мрежата на Челзи (Видео)

Фантастичен е фудбалскиот трилер во Мадрид, со прекрасни акции, голови и пресврти, а повторно во листата со стрелци на меч меѓу Реал и Челзи се запиша Карим Бензема.

Стрелецот на хет-трикот во Лондон на првиот меч беше тивок во реваншот, но успеа да погоди во 96-тата минута, или шестата од првото продолжение што се игра на „Сантијаго Бернабеу“ и со неговиот погодок Реал води со 4:3 во вкупен резултат.

Бензема има два хет-трика по ред во ЛШ, против ПСЖ и со Челзи на првиот меч, а сега постигна уште еден гол за 2:3 во реваншот од четвтрфиналето во Лигата на шампионите.

Челзи имаше предност од 3:0 со головите на Маунт, Ридигер и Вернер, а на 1:3 намали Родриго, па во регуларниот дел на реваншот во Мадрид беше 1:3, идентично како и во Лондон.

Се играат продолженија, а моментно е 2:3 по првото продолжение.

 

- Оглас -

Најнови вести