3144 Истра 1961 – Хајдук (18.00 часот)
Истра и Хајдук во ова приморско дерби од хрватската лига влегуваат со голема самодоверба, двата тима имаат по две победи по ред. Ова се екипи кои прилично ретко играат нерешено. Хајдук, кој е „зацементиран“ на второто место, ако победи, ќе има 10 бода помалку од лидерот Динамо. Истра со победа, би била четврта на табелата и ќе продолжи борба за излез во Европа. Во октомври, Хајдук на гости ја победи Истра со 2-0, но во јануари во Сплит, а тимот од Пула се реваншира со победа од 2-1.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.93)
2806 Нордсјиланд – Брондби (19.00 часот)
По трите победи во последните пет кола во данската Суперлига, Нордсјиланд дојде само на бод минус зад третиот Сондерјиске, е тоа е место кое води во европските купови (Конференциска лига). Проблемот на Нордсјиланд е што има примено најмногу голови од шесте суперлигаши, но Брондби е во криза, не победил уште од ноември, кога славеше баш над Нордсјиланд. Гостите се тим со најмалку дадени и најмалку примени голови. Брондби во првите 20 кола имаше само две ремија, а сега во последните четири кола дури трипати играше нерешено.
Предлог тип: 1 (2.25)
6001 Реал Мадрид – Баерн (21.00 часот)
Откако речиси ги загуби шансите за титула во шпанската лига, по киксот викендов против Мајорка, Реал Мадрид сите сили ги насочува кон ЛШ, а штом е така, познато е дека се многу опасни во такви ситуации. Баерн важи за благ фаворит на хартија, тие сигурно ќе бидат шампиони во Германија и може да се фокусираат на ЛШ. Кај Реал ќе ги нема Куртоа и Родриго, Менди е неизвесен. Баварците делуваат како машина, но 14 години не победиле против Реал, кој во последните години секогаш кога успевал да го елиминира Баерн, стигнувал и до трофејот.
Предлог тип: Т1 2+ (1.79)
6002 Спортинг – Арсенал (21.00 часот)
Можеби многумина го отпишуваат португалскиот тим пред овој двобој со лидерот на Премиер лигата, но Спортинг игра многу ефикасно во последно време, во осминафиналето против Бодо/Глимт покажа колку може да биде опасен на свој терен, додека Арсенал на гостувањето во осминафиналето со Леверкузен се мачеше. Кај Арсенал ќе ги нема Сака, Езе и Мерино, а кај Спортинг ќе го нема Хјулманд, кој е суспендиран. Арсенал има два порази по ред, останаа без трофеи во ФА и Лига купот и може да се сконцентрираат на Премиер лигата и ЛШ. Арсенал во ноември 2024 им гостуваше на Лавовите во Лисабон и ги растури со 5-1. Тогаш Ѓокереш играше за Спортинг, а сега е во Арсенал.
Предлог тип: 2>1 (1.97)
1021 Рексам – Саутхемптон (21.00 часот)
Велшаните и Светците се соседи на табелата, на шестото, односно на седмото место и целта им е да се пробијат во плејофот за влез во Премиер лигата. Саутхемптон е опасен гостин, освои 13 бода од можни 15 на последните пет гостувања, додека Рексам доби три од последните четири меча дома. Саутхемптон пред три дена приреди чудо во ФА купот, го елиминира Арсенал. Овие два клуба меѓу себе играа само еднаш во август, кога тимот од југот на Англија славеше 2-1.
Предлог тип: 1–2 I & 1-2 II (2.70)

