Не може Лазаров сѐ сам: Македонија загуби од Чешка

Македонија загуби од Чешка со 27:25 во второто коло од Европското првенство во Виена. Во неизвесен меч полн со пресврти, Македонија немаше сила да стигне до победа што ќе ги однесеше меѓу најдобрите 12 во Европа. Во последните две и пол минути се влезе со резултат 24:24, но потоа Чешка даде два погодоци за 26:24. Лазаров намали на еден гол, но Чешка повторно погоди на 23 секунди до крајот и беше јасно кој е победник.

Во вторник Македонија ќе го игра клучниот меч против домаќинот Австрија кој треба да реши за место во главната фаза.

Против Чешка, капитенот Кирил Лазаров со 10 гола беше најефикасен кај Македонија, а Манасков постигна пет погодоци. Гоце Георгиевски погоди четири пати, а во листата на стрелци се запишаа и Кузмановски 1, Стоилов 1, Талески 2, Танковски 1 гол.

Голманот на Чешка, Мартин Галија беше прогласен за најдобар играч на мечот, што доволно за неговата блескава игра.

Од самиот почеток се виде дека ова ќе биде многу неизвесен меч. Во почетните 10 минути, ниту една од двете селекции немаше предност поголема од еден гол. Чешка водеше со 5:4, а тогаш со серија од 3:0, Македонија за прв пат поведе со два разлика (7:5) во 18 минута.

Во следните девет минути, затаи нападот на нашите па во 27 минута Чесите израмнија на 8:8, за потоа капитенот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски погодија за ново наше водство од два разлика.

Во вториот дел добро почнавме, имавме 12:10, а потоа следуваше пад во играта на нашите. Чешка со серија од 5:0стигна до 15:12 во 38 минута. Конечно Лазаров погоди два пати во низа и намали на 15:14, но потоа повторно следуваше пад во нападот. Повеќе од 5 минути немавме дадено гол, па Чешка имаше предност од 17:14 во 44 минута.

Голманот на Чешка, Мартин Галија блескаше и едноставно ги откажуваше нашите ракометари. Чешка за прв пат поведе и со 4 разлика во 52 минута (22:18), но сепак Македонија покажа дека нема предавање и со два гола на Манасков и по еден погодок на Лазаров и Георгиевски израмнивме на 22:22 во 55 минута.

Драмата продолжи, па беше 24:24 на две и пол минути до крајот, но потоа следуваа два погодоци на Чешка и тоа беше доволно противникот на крајот да се радува.

- Оглас -

Најнови вести