18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Не може навивачи да се купат со пари – Огромна е разликата од прославите на Милан и Манчестер сити (ВИДЕО)

Милан и Манчестер сити викендов ги славеа титулите во Серија А, односно Премиер лигата. И двата клуба во последното коло остварија победи со што сосема заслужено си ги освоија највредните пехари од Италија и Англија.

За Милан, тоа е пшрво Скудето по пауза од 11 години, додека за тимот од Манчестер тоа е „триплета“, односно три сезони најдобар клуб во Англија.

Прославите на овие два клуба беа сосема дијаметрални. Манчестер сити и покрај тоа што во последната декада вложи над милијарда евра, мака мачи со празни столчиња на „Етихад“, а доказ дека имаат навистина мал број на навивачи е и последната шампионска парада која што беше полупразна.

За разлика од нив, пак, на Милан изгледаше навистина неверојатно каде што стотици илјади фанови нетрпеливо ги чекаа Златан Ибрахимовиќ и останатите да дојдат за да ја прослават титулата.

- Оглас -

Најнови вести