Не може подобро за јубилеј – Стотка за Валверде на Ел Класико

Ернесто Валверде ќе прослави убав јубилеј во вистински момент, а вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во новото Ел Класико против Реал Мадрид по стоти пат ќе ја предводи Барселона од клупата.

И досега има интересни бројки, односно процент на успех од 67,67 и 2,4 голови по меч откако е кормилар на Барселона, што е одлично постигнување.

Вечерва Барселона ќе тргне со 1-1 во полуфиналниот реванш-дуел од Копа дел Реј против вечниот ривал Реал Мадрид, а одлука за финалистот мора да има на „Сантијаго Бернабеу“.

Мечот ќе почне во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести