Не може со Грција, но може со Косово и Бугарија, Македонија утре ги добива противниците за новата сезона во Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација на Македонија на утрешната ждрепка ќе ги добие противниците за новата сезона во Лигата на нациите. Нашиот национален тим ќе игра во Лига Ц, а противници не можат да ни бидат Грција, Белорусија и Луксембург, кои како и нас, се во вториот шешир од Сегментот Ц.

Од првиот шешир, каде што се фаворитите, тимови кои испаднаа од Б во Лига Ц, можни противници ни се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска.

Во третиот шешир се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово, додека во последниот и најслаб по квалитет се Казахстан или Молдавија (треба да играат плејаут по што ќе се знае кој од нив), Кипар или Естонија (исто така ќе решаваат во плејаут), Гибралтар и Фарски Острови. Првото место носи напредување во Лига Б.

Според планираниот распоред, мечевите ќе се играат во шест кола, четири во јуни и два во септември идната година, а финалните дуели ќе се играат во јуни 2023 година. Уште не е одлучено дали и како победниците од лигите во Лигата на нациите ќе се пласираат на ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести