На Марике Вервурт и беше исполнета последната желба. Белгиската параолимпијка синоќа го активираше барањето за еутанизација и нејзиниот живот згасна. Вервурт имаше 40 години и едноставно не можеше да ги издржи болките кои ги имаше од неизлечивата дегенеративна болест на мускулите. Оваа болест и предизвикувала постојани напади, неподносливи болки и речиси постојана несоница на парализираната девојка.
Вервурт беше дел од Олимписките игри во Лондон во 2012 година кога стигна до златниот медал на трката со колички на 100 метри, како и среброто на трката на 200 метри. На ЛОИ во 2016 година во Рио де Жанеиро, таа се закити со среброто на трката на 400 метри, а на 100-ката стигна до бронзениот медал.
Поради неподносливите болки, таа уште во 2008 година одлучила да поднесе барање за еутанизација, кое во Белгија е легализирано.
„Кога имам епилептички напади урлам, плачам од болки. Треба да испијам многу лекови за тие болки да престанат. Многумина се чудеа како можам да имам такви резултати, а имам толку силни болки и како успевам да се насмевнам, а имам такви болки. За мене, спортот и трките со колички се еден вид на лек. Кога веќе нема да можам да издржам, знам дека го имам тоа парче хартија кое ќе ми ги прекине болките“, рече Вервурт на едно од последните интервјуа.
Официјално пред да биде извршена еутанизација, во спужбената белешка стои дека таа „ја исполнила својата желба“.