Арсенал водеше со 2:0 на гости кај Ливерпул, но на крајот освои само еден бод во мечот кој заврши 2:2. Ливерпул до реми стигна благодарение на погодокот на Роберто Фирмино во 87-мата минута.
Во акцијата за погодокот за 2:2, Александер-Арнолд одлично продре по десната страна и успеа топката да ја протне низ нозете на Александер Зинченко, а потоа непречен од никого да го пронајде Фирмино, кому му остана полесниот дел од задачата.
Веднаш по тој погодок, Зинченко беше повлечен од игра, а украинскиот репрезентативец, која седна на клупата за резерви, не можеше да го сокрие разочарувањето.
И на Зинченко му е јасно дека поради неговиот кикс Арсенал загуби два многу важни бода во трката за титулата. Топчиите до крајот на првенството имаат уште осум кола, а сега се со пет бода повеќе од Манчестер сити, кој до крајот треба да одигра уште девет средби.
Only three things in life are certain: birth, death, and Zinchenko crying. pic.twitter.com/h7NVxfxDuh
— Morgan (@utdscope) April 9, 2023