Не можеше да ги сопре солзите – Игуаин ја заврши кариерата

Гонзало Игуаин го одигра последниот меч во фудбалската кариера, и тоа со победа на неговиот Интер Мајами против Њујорк од 3:0. Игуаин од претходно најави дека ќе ја заврши кариерата, а по последниот судиски свиреж на судијата, Аргентинецот не можеше да ги сопре емоциите.

Игуаин имаше навистина богата кариера. Започна во Ривер Плејт, а потоа се пресели во Европа, и тоа веднаш во тимот на Реал Мадрид. Дури седум години остана на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа играше за Наполи, Јувентус, Милан, Челзи, а потоа направи трансфер во тимот на Интер Мајами.

Во клупскиот фудбал одигра 709 натпревари, во кои постигна 335 голови, а имаше и 69 асистенции. Најмногу голови постигна во дресот на Реал Мадрид, дури 131 погодок, а во Наполи се радуваше на 91 гол.

Беше и репрезентативец на Аргентина, а во дресот на Гаучосите одигра 75 меча, во кои постигна 31 погодок.

 

 

- Оглас -

Најнови вести