Не можеше да ги сопре солзите откако сфати дека се повреди и нема да игра на СП (Видео)

Еквадорскиот фудбалски репрезентативец Карлос Груезо и член на Аугсбург, мораше предвреме да го напушти теренот на дуелот против Бохум, поради повреда. Според првичните проценки повредата е посериозна и Гуезо ќе мора подолго време да паузира, што значи дека нема да може да настапи на Светското првенство кое следната недела почнува во Катар.

Гуезо беше повикан да биде дел од селекцијата на Еквадор, но откако со поткривнување на ногата мораше да го напушти дуелот против Мајнц, сфати дека нема да биде подготвен за настап во Катар, па играчот едноставно не можеше да ги скрие и солзите поради ова разочарување.

https://twitter.com/i/status/1591474798982488158

Дефанзивниот играч за врска има одиграно 46 меча за Еквадор, а постигнал и еден погодок. На Мундијалот во Катар, селекцијата на Еквадор на стартот на првенството ќе игра против домаќинот Катар и сигурно дека Гуезо беше еден од оние кои требаше да биде во комбинација за стартиот состав.

- Оглас -

Најнови вести