Не можеше да го сопре, па му направи стриптиз што ќе ве насмее (Видео)

Интересен момент се случи на меч од аргентинското првенство, а фаулот што го направи играчот на Баракас централ, Хуан Мануел Васкес, и ќе ве насмее.

Немоќен да го сопре брзиот и физички посилен ривал Игнасио Фернандес од Тигре, Васкес успеа само да му ги искине шорцевите на гостинскиот играч.

Barracas Central vs Tigre – Juan Vázquez early kit trade 64′ from soccer

Потоа заслужено доби жолт картон, а Фернандес мораше да го смени долниот дел од опремата.

Тигре победи со 2:0 на гостински терен и по три кола е непоразен на третото место зад Естудијантес и Бока јуниорс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести