17.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Не можеше против своето тело, Ѓоковиќ загуби од 204-тиот на АТП листата!

Валентен Вашеро кој е 204-ти на АТП листата, приреди невидена сензација во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, го победи Новак Ѓоковиќ со 6-3, 6-4 и стана најниско рангираниот тенисер во историјата кој стигнал до финале на турнир од Мастерс 1000 серијата.

Ѓоковиќ првпат во кариерата на Мастерсите или гренслем загуби од тенисер кој е под 125-то место на АТП.

Тенисерот од Монако ги искористи проблемите со левата нога кои ги имаше најдобриот во историјата, и дојде до највредната победа во кариерата.

Иако Ѓоковиќ беше повреден и бараше медицински тајм-аути, сепак на Вашерo не му беше подарена победата, и беше во шок откако го освои поенот за победа, како да не беше свесен што направил.

- Оглас -

Најнови вести