Штета, навистина штета за вакви тикети, кога буквално за една и тоа во последната секунда нема да бидат добитни. Тикетот уплатен во Гевгелија е составен со мечеви од петочната понуда во Srort Life и е одигра на 10 фиксови.
Со само 100 денари уплата, вкупната добивка е 127.985 денари, но еден пропуштен пенал ја скрати радоста за добивка од 2.000 евра. Се работи за дуелот Парма – Цитадела во Серија Б во Италија. Цитадела на полувреме водеше со 1:0, а во второто полувреме, во 71 минута во игра кај Парма влезе Горан Пандев.
Долгогодишниот капитен на македонската репрезентација донесе квалитет во играта на домаќините, па Парма преку Јуриќ во 81 минута израмни на 1:1. Домаќините продолжија офанзивно за да ги освојат трите бода и во 95 минута беше досуден пенал за Парма.
Сепак, наместо да му се дозволи на искусниот Пандев да го реализира ударот од белата точка, одговорноста ја превзема аргентинскиот интернационалец Хуан Франциско Брунета и згреши. Напаѓачот на Парма не го реализираше пеналот и на крајот остана 1:1, а обложувачот кој уплати во Гевгелија не се израдува на одлична добивка.