Не му е доста и на 42 години: Буфон ќе преговара за нов договор

Џанлуиџи Буфон е последниот италијански репрезентативец од генерацијата 2006 која го одвои Мундијалот, кој сè уште е активен играч. Легендата на Јувентус пред почетокот на оваа сезона се врати во Торино по една година пауза и сега е втор избор за голманската позиција зад Војчех Шчезни.

Иако пред неколку дена наполни 42 години, Буфон засега не размислува за пензија, а неговиот агент откри дека кон крајот на март ќе се одржат преговори со претставници на Старата дама околу евентуално продолжување на соработката.

„Засега не знам што планира, а мислам дека и самиот не знае. Во март се предвидени разговори со клубот и дури тогаш ќе дознаеме што Џиџи ќе одлучи. Има 42 години, но е во одлична физичка форма. Се грижи за своето тело и среќен е како стојат работите“, истакна Силвано Мартина, агентот на Буфон.

Буфон потпиша едногодишен договор со Јуве откако го напушти ПСЖ, а сезонава запиша вкупно 10 настапи од кои седум се во Серија А, успевајќи само еднаш да ја сочува својата мрежа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести