Не му е лош планот на Мурињо – Сака да пазари топ-тандем на познати места, во Мадрид и Лондон

Жозе Мурињо има големи амбиции со Рома и сака да направи екипа што ќе биде кадарна да се бори за Скудетото, а планот да ги ангажира Саул Нигез и Вилфрид Заха му е одличен.

Португалецот одлично ги познава квалитетите на двајцата играчи, а за трансфери чека зелено светло од Атлетико Мадрид и од Кристал палас.

Мадриѓани го испратија Саул на позајмица во Челзи, но клубот од Лондон не сака да ја искористи клаузулата да го откупи договорот на Шпанецот од Атлетико и можно е Мурињо да ја искористи ситуацијата.

Саул веројатно повторно би одел на позајмица, сега во Рома, а Волчицата би имала право да искористи клаузула и за одредена сума да го откупи договорот на шпанскиот репрезентативец по завршувањето на следната сезона.

Заха кој е главната ѕвезда во тимот на Кристал палас сака да си замине од клубот во кој со мали прекини е од 2010 година.

Кристал палас му е матичен клуб и аако се сметаат и деновите во младинските категории Заха е кај лондончани од 2004 година.

Мурињо одлично ги познава квалитетите на репрезентативецот на Брагот на слонова коска и сака да го донесе во Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести