26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Не му е мило, но мора да се помири со клупата: Роналдо трети меч по ред е резерва

Кристијано Роналдо останува до крајот на сезоната во Манчестер јунајтед, но изгледа ќе треба да се навикне да биде резерва, барем периодов.

Откако пропаднаа сите комбинации за трансфер, Роналдо се помири со играњето за клуб кој не е дел од Лигата на шампионите. Вечерва тој трети меч по ред не е меѓу стартеите на Јунајтед туку ја грее клупата и му преведува на новакот Каземиро, кој слабо стои со англискиот.

Прашање е и дали Роналдо ќе добие шанса да заигра против Лестер, бидејќи со голот на Санчо, Манчестер води со 1-0 и ако остане така, менаџерот Ерик тен Хаг можеби нема да има потреба во второто полувреме да уфрла напаѓач.

Досега сезонава и кога играше, Кристијано немаше некој голем ефект на терен и уште нема постигнато гол во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести