Рајо Валјекано го разреши тренерот Мигел Анхел Санчес – Мичел. Веста е официјализирана од страна на клубот. Причина за ова е серијата од 7 порази по ред во Ла Лига. Капката која ја прели чашата беше поразот од Вилјареал.
Рајо, чиј голман е Столе Димитриевски, се најде во опасната зона, моментно е претпоследен со 6 бода помалку од безбедната зона, па на местото на Мичел ќе биде донесен друг тренер со кого се надеваат дека ќе изборат опстанок.
Мичел беше тренер на Рајо од февруари 2017, кога тимот се бореше да не испадне од втора лига. Оваа календарска година ја почнаа феноменално, со 13 бода од можни 15, но потоа дојде крахот и црната серија од седум порази.
Како можни наследници на Мичел се спомнуваат Хулио Веласкес и Луис Милја.