Не му оди на Јунајтед без Хојлунд, Ивоби во судиското продолжение го замолкна „Олд трафорд“ (Видео)

Манчестер јунајтед ја прекина серијата од четири победи по ред откако денеска пред своите гледачи на „Олд трафорд“ загуби со 1:2 од Фулам.

Ова е прв натпревар за Црвените ѓаволи без повредениот напаѓач Расмус Хојлунд и веднаш загубија. Фулам поведе со голот на Калвин Баси во 65-тата минута и го чуваше водството на „Олд трафорд“ се до 90-тата минута.

Манчестер јунајтед успеа да израмни благодарение на голот на Хари Мегваер кој во 90-тата минута успеа да ја избегне замката за офсајд и да постигне гол за 1:1.

 

Во судиското продолжение, во 97-тата минута, Ивоби го замолкна „Олд трафорд“, постигнувајќи гол вреден три бода за Фулам.

 

Киксот на Манчестер јунајтед го искористи Астон вила да му избега на Јунајтед на четвртото место на табелата. Вила со 4:2 го совлада Нотингам форест и сега има 52 бода, осум повеќе од Јунајтед кој е шести, а пет од петтиот Тотенхем.

Астон вила по 39 минути игра имаше водство од 3:0 благодарение на Воткинс кој го отвори резултатот и на Даглас Луис кој даде два гола.

Во финишот на првиот дел, Ниакате намали на 3:1, а неизвесност во мечот внесе Гибс-Вајт со голот на стартот од второто полувреме. Дилемите околу победникот ги реши Леон Бејли во 61-та минута.

Кристал палас ја прекина серијата од три меча без победа откако пред своите гледачи со 3:0 го совлада Барнли, додека Брајтон и Евертон одиграа 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести