Филип Талевски веќе нема да игра за Вардар 1961, во кој дојде само пред три месеци.
Македонскиот репрезентативен лев бек бил незадоволен од малата минутажа, особено од „тенката“ улога која ја имал во нападот.
Талевски беше член на Црвено-црните и од 2020 до 2023 година, потоа две сезони мина во Бенфика, а летоска се врати во редовите на двократниот европски првак.

