Заврши мини-одморот за Карим Бензема, и капитенот на Реал Мадрид се најде на листата на кандидати за настап на дуелот со Шахтар од Лигата на шампионите, меч кој ќе се игра задутре во Варшава.
Бензема во средата играше против Украинците, но се пожалил на мускулна повреда, па беше поштеден и синоќа го пропушти гостувањето кај Хетафе на кое Кралскиот клуб победи со 1-0.
Денеска Французинот се појави на тренинг и тренираше нормално со соиграчите, а ставен е и на листата, па сигурно е дека во вторник ќе биде стартер. Тоа е последен меч за Реал пред мега дербито со Барселона. Против Шахтар нема да брани Тибо Куртоа, но Белгиецот би требало да биде спремен за Ел Класико.