Не му успеа финтата на Роналдо, Чесите се збунија и примија гол (Видео)

Кристијано Роналдо се обиде со старата позната финта да ја збуни одбраната на Чешка и на крајот испадна како по ноти за Португалците кои во продолжение на акцијата постигнаа и втор гол и водат со 2:0 во Лисабон по првото полувреме на мечот од Лигата на Нации.

Голот го постигна Кансело во 33. минута, прв во мрежата на Чесите, а потоа прецизен беше и Гонкало Гуедеш за 2:0 само пет минути подоцна.

Обидот на Роналдо и голот на Кансело можете да ги погледнете ОВДЕ.

Во меч од истата втора група од А сегментот, Шпанија води со 1:0 против Швајцарија по првото полувреме.

Стрелец беше Пабло Сарабија во 13. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести