Не настрада ниту еден судија, но тоа не може да се каже за Карењо-Буста (видео)

Новак Ѓоковиќ мораше со пресврт да стигне до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција по победата од 3-1 во сетови (4-6, 6-2, 6-3, 6-4) над Пабло Карењо-Буста. Овојпат не настрада ниту еден линиски судија како во средбата на ОП на САД, па првиот светски рекет ја одржа серијата без пораз на терен против шпанскиот тенисер.

Карењо-Буста е првиот тенисер кој му одзеде сет на Ѓоковиќ досега на Ролан Гарос, потег кој само го налути Србинот да го засили темпото и да закаже меч против Стефанос Циципас за пласман во финалето.

Шпанецот направи два клучни брејка за 3-2 и 5-4 и дојде до водство по првиот сет, за потоа Ѓоковиќ да израмни за помалку од 40 минути, а со четири украдени сервиси дотогаш Новак сврти на 2-1 и дојде на сет до посакуваната победа. Карењо-Буста даваше отпор за да остане во игра, но Ѓоковиќ искусно направи брејк во клучен момент за 4-3 во гемови, а потоа да ја искорити првата меч-топка.

- Оглас -

Најнови вести