Поранешниот водач на навивачката група „Гробари“ кои навиваат за белградски Партизан, Милош Радисављевиќ-Кими, е еден од ретките Срби кои не го сакаат Новак Ѓоковиќ и се радуваат на неговите порази.
После поразот на Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, Кими на Инстраграм сподели две провокации кон најуспешниот тенисер на сите времиња. Тој најпрвин порача „Важно е да се учествува“, потсмевајќи се со поразот на Новак.
Потоа Кими сподели и една монтирана слика на која од знамето на фракцијата на Гробари, „Алкатраз“, избришана е буквата Т, па испадна Алкараз, презимето на тенисерот кој го совлада Ѓоковиќ.