Не, не е во Македонија: Терен во Италија кој ја згрози фудбалската јавност (Видео)

Со доаѓањето на есента, зголемен е бројот на врнежливи денови, кои знаат да направат проблем на фудбалскиот терен. На дуелот меѓу Сан Марино Калчо и Прета во рамките од Серија Д, се радуваа гостите на победа од 3:0, но никој не зборуваше за резултатот, туку за условите на кои се играше.

Теренот на кој игра локалниот клуб Сан Марино Калчо се најде како главна тема во фудбалска Италија. Според мислењето на многумина, во италијанскиот фудбал не смее да има терен кој е во таква ужасна состојба, без разлика што таму се игра дуел од четвртата лига по ранг. Голем дел од фудбалерите едвај се движеа, а не па да трчаат по калта која беше речиси на секој дел од теренот.

Тимот кој доаѓа од Сан Марико, малата земја која е во „срцето на Италија“. доби прави за настап во италијанските лиги, иако Сан Марино има своја лига, која е аматерска.

- Оглас -

Најнови вести