Пет натпревари одиграни на игри на голови се дел од Квотите на денот на Sport Life. Два се од Премиер лигата, додека по еден од Ла Лига, Серија А и Лига 1. Искомбинирани на еден тикет прават квота од 48.8.
Екипата на Челзи ја има фаворитската улога на дуелот против Нотингем Форест и очекувањата се дека ќе има ефикасен фудбал на “Стемфорд бриџ“. Токму затоа предлогот за овој натпревар е да се одигра дека Челзи ќе постигна најмалку по еден погодок во двете полувремиња, а квотата за такво нешто е 2.15.
Слично како Челзи, и екипата на Реал Мадрид е голем фаворит во дуелот против Гетафе. Очекувањата се дека “кралевите“ ќе постигнат барем еден погодок во првото полувреме, но и најмалку два на целиот меч. Квотата во Sport Life за оваа игра е 2.10.
Вистинска голеада се очекува на дуелот од Премиер лигата помеѓу Брајтон и Њукасл. Двете екипи негуваат офанзивен фудбал и нивните натпревари изобилуваат со голови. Очекувањата се дека во првото или во второто полувреме ќе бидат постигнати најмалку три голови. Квотата за оваа игра е одлична, 2.40.
Шампионот на Италија, екипата на Наполи, со блага фаворитска улога влегува во дуелот против Лацио на домашен терен. Предлогот за овој натпревар е да се одигра двојна шанса на домаќинот, но очекувањата се и дека ќе бидат постигнати голови во двете мрежи. Квотата за овој натпреваре 2.25.
Голови и ефикасен фудбал се очекува и на мечот од француската Лига 1 помеѓу Монако и Ленс. Очекувањата од овој натпревар се дека ќе се затврест двете мрежи, односно дека ќе биде “гол-гол“, во првото или второто полувреме. Квотата за овој натпревар е рамно 2.