Отсуството на Лионел Меси негативно влијаеше врз екипата на Интер Мајами, и го претрпеа првиот пораз после два месеци, поточно од 15-ти јули, датумот на кој Меси потпиша за клубот. Во дуел од МЛС лигата, Интер загуби од Атланта со 2-5.
И без Меси, Интер даде два гола, но одбраната потфрли и иако Интер поведе во 25-та минута со убав гол на Леонардо Кампања, веќе до крајот на првото полувреме Атланта имаше плус од 3-1. Не играше ни Жорди Алба, па од ѕвездите Серхио Бускетс беше оставен сам да се мачи.
Интересно е дека во јули, со Меси во составот, Интер ја совлада Атланта со 4-0, а Аргентинецот постигна два гола.
https://twitter.com/i/status/1703162114053984752