Не одите на ОИ во Токио? Тогаш ајде во војска!

Цел фудбалски тим од 11-мина играчи ќе мора да оди на отслужување на воениот рок во Јужна Кореја. Овие 11-мина фудбалери мислеа дека ќе избегнат одење во војска со тоа што ќе учествуваат на Олимписките игри во Токио, но по одложувањето на ЛОИ, тие мора да го почитуваат законот во својата земја и бидејќи немаат статус на олимписки спортисти, ќе одат во војска.

На олимпискиот турнир може да играат фудбалери до 23 години, плус тројца постари, а бидејќи игрите се поместуваат за една година, во летото 2021, дури 11 корејски играчи ќе бидат над 23 години.

Во Јужна Кореја спортистите се ослободени од воен рок само ако освоиле медал на некое големо натпреварување. На тој начин 11-те играчи губат шанса да освојат медал, па следните две години ќе ги минат во касарна. Единствена надеж им е Олимпискиот комитет да дозволи само за 2021 да може да играат фудбалери до 24 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести