Оле Гунар Солскјер е на мета на критики од страна на навивачите на Манчестер јунајтед по денешниот дебакл од градскиот ривал Манчестер сити со 2:0.
Но, тоа нема да го промени мислењето на стратегот кој не планира да си замине и покрај слабите настапи и порази.
„Јас сум тука за Манчестер јунајтед и тука и ќе останам. Едноставно не планирам да си заминам додека не го оствариме тоа што го замислувам. Имам одлични односи со раководството кое има доверба во мене“ изјави Солскјер по поразот.
Со денешниот пораз, екипата на Манчестер јунајтед остана на 17. бода како и претходно, и е на делба на седмото место во Англија.