Најдобриот стрелец во Премиер лигата, Мохамед Салах, има свој паднан со исто име и презиме, а се работи за 17-годишниот дански фудбалер, кој сепак е далеку од квалитетот на играчот на Ливерпул и неговиот клуб Брондби не му понуди договор.
Данскиот Салах се пресели во Лингби, но вели дека голем предизвик за него е да се врати во редовите на Борондби, еден од најпознатите дански тимови.
„Долго бев повреден и ја разбирам одлуката на раководството на Брондби. Сепак, ќе бидам упорен и ќе се обидам да си го остварам сонот повторно да играм за Брондби“, вели 17-годишниот фудбалер со славно име и презиме.