Не помага ниту новиот агент, Заха ќе си седи во Палас

Офанзивецот на Кристал палас, Вилфрид Заха, од неодамна го ангажираше реномираниот агент Пини Захави во обид да го напушти премиерлигашот со цел да се пресели во клуб со поголеми амбиции. Меѓутоа, се чини дека ниту Захави не може да му помогне на репрезентативецот на БСК.

Палас бара отштета од 80 милиони фунти, сума која Челзи дефинитивно не сака да ја плати иако Сините се интересираат за ексфудбалерот на Манчестер јунајтед, па излегоа од трката за неговиот потпис.

Евертон и Арсенал пред почетокот на минатата сезона исто така не се фатија во замката да трошат енормна сума за Заха, па наводно сега во игра останаа Тотенхем и Баерн Минхен. Но, агентот Захави засега и таму неуспешно го презентираше својот клиент.

Доколку Кристал палас не даде попуст, Тотенхем и Баерн исто така ќе кренат раце од потенцијален ангажман, што значи дека Заха ќе си остане во Лондон барем до крајот на оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести