Усман Дембеле сепак нема да направи „бум“ пред затворањето на трансфер прозорецот и ќе остане во Барселона. Брзоногиот француски репрезентативец деновиве се поврзуваше со Манчестер јунајтед, каде што требаше да биде позајмен за претстојната сезона, но Роналд Куман го стопираше трансферот бидејќи Дембеле му е потребен.
Се шпекулираше дека Пол Погба, ѕвездата на Црвените ѓаволи, постојано бил во контакт со сонародникот Дембеле и се трудел да го убеди да дојде на „Олд трафорд“. Не помогна ниту Погба, па Јунајтед по Џејдон Санчо кој остана во Дортмунд, претрпе но неуспех да доведе квалитетен офанзивец.