На Кристијано Роналдо никако не му успева да освои трофеј со Ал-Наср, денеска го загуби третото финале со саудискиот клуб.
Суперкуп трофејот им побегна за малку, беа поразени на пенали откако во регуларниот дел Ал-Ахли им изедначи во 89-та минута, затоа и разочарувањето кај Португалецот беше големо.
Откако потпиша за саудискиот тим, Роналдо има учествувано во четири саудиски суперкупови, три купа на кралот, три сезони во саудиската лига, три сезони во азиската Лига на шампиони, три сезонски купови на Ријад, а загуби финале и во Суперкуп на Ријад. Кристијано го освои само шампионскиот куп со Ал-Наср, но тоа е натпреварување од пријателски карактер.