Црвена ѕвезда во Белград е поразена од Жалгирис со 80-86, со што за српскиот првак заврши серијата од три победи по ред во Евролигата.
Овој пораз особено тешко им паѓа на фановите на Црвено-белите кои пред мечот пееја руски песни, а имаа и кореографија во боите на руското знаме, како одговор на провокациите од литванските навивачи кои се анти-руски настроени и на страната на Украина во воениот конфликт.
Но, не беа литванските кошаркари тие што му донесоа победа на Жалгирис. Најефикасни во редовите на Зелената шума беа Французинот Франциско и Србинот и поранешен играч на Партизан, Смаилагиќ.
Пред овој меч, Ѕвезда имаше четири победи на последните пет меча, а Жалгирис само една победа и четири меча на претходните пет средби, но се покажа дека сезонава во Евролигата секој може да победи секого и борбата за местата кои водат во плејофот е жестока.
Koreografija Zvezde pred Žalgiris! pic.twitter.com/qEFLPA9ZhC
— FantomBeograda (@FantomBeograda) February 27, 2025