9.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Не престануваат маките за Реал Мадрид, Мбапе има скршен прст на раката

Здравствениот билтен во Реал Мадрид е катастрофален, особено во делот на одбраната, а попладнево се појави информација дека повреда има и Килијан Мбапе, и тоа скршен прст на рака.

Мбапе синоќа против Селта при еден пад, го скршил домалиот прст на левата рака. Тој остана на терен до крај и покрај многуте болки, а истото ќе мора да го направи и в среда против Манчестер сити, ќе игра, макар и со болки и бандажиран прст

Ова ќе го ограничи, кај првиот стрелец ќе има страв од судир до тешкотии во концентрацијата од постојаната болка, но решено е да игра, следуваат завој, лекови и битка.

Реал Мадрид поминува низ најтешкиот период од сезоната, а дуелот со Сити ќе биде клучен за иднината на Чаби Алонсо како тренер на Кралскот клуб, најавата е дека во случај на пораз, ќе добие отказ. А, како без еден куп играчи да го победи Сити на Пеп Гвардиола, немилосрден противник кој ја искористува секоја слабост.

- Оглас -

Најнови вести