Не пропуштајте да одиграте за Тринаесетка, новото коло на Спортска прогноза започнува со возбудливо дерби во Премиер лигата

Уште неколку часа остануваат за сите оние кои досега не ги одиграле своите фиксови во рамките од 27-то коло на Спортска прогноза. Можноста за прогнозирање завршува во 13.30 часот денеска, кога и ќе започне првиот меч од понудата, а тоа е дерби-дуелот од Премиер лигата меѓу Њукасл и Тотенхем.

Помеѓу 13-те натпревари се неколку интересни дерби-дуели во петте најсилни европски лиги како битката за ЛШ во Шпанија меѓу Атлетико Мадрид и Жирона, торинското Дерби дела моле меѓу Торино и Јувентус, како и незгодното гостување на Манчестер јунајтед кај Борнмут, кои воедно претставуваат и најголем предизвик за прогнозерите овој викенд.

Во шестата сезона на бесплатната игра сè уште се чека првиот прогнозер што ќе погоди Тринаесетка и ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K,

Електричен Тротинет,

Сони Плејстејшн 5

Голем дел од стандардните учесници веќе ги одиграа своите комбинации, а секој може да се приклучи на многу едноставен начин.

Играта е бесплатна, се што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.

И секако да се има добра стратегија и малку среќа за да се погодат 13-те двојки.

Интересна станува и битката за првото место во Генерален пласман, па важно е прецизно да се погодат и резервните двојки.

Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени парови во следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести