Бока Јуниорс како еден од најголемите светски клубови веќе со децении има проблеми со капацитетот на стадионот Ла Бомбониера. Аргентинскиот клуб има дури 315.000 членови и е на второто место во светски рамки, веднаш позади Баерн Минхен кој има 321.000 членови. Моменталниот капацитет на нивниот стадион е за “само“ 54.000 гледачи.
Плановите кои се дел од преизборната кампања за Претседател на клубот се (не)реални, но фантастични доколку се реализираат. Презентиран е проект за нов стадион, кој би се нарекувал “Ла Нуева Бомбониера“ и би се наоѓал на само 1.300 метри од сегашниот. Фотографиите кои ги споделија од Бока Јуниорс се фантастични.
Планот предвидува на овој стадион да се играат и натпревари од Светското првенство во 2030-тата година, секако доколку Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле ја добијат организацијата.