Бразилецот Винисиус Абнер влезе во игра за Бетис во 78. минута во обид да им помогне на домаќините да ја анулираат предноста на Селта од 2:4, но испадна трагичар на мечот во Севилја.
По само една минута тимот од Севилја можеше да намали на 3:4, а зошто не се случи намалување на резултатот на „Бенито Вилјамарин“ виновник е токму 22-годишниот Бразилец.
Абнер беше одлично проигран и се најде сам на еден метар од гол-линијата на празна мрежа и за чудо не погоди.
Ударот некако му пројде низ ногата и заврши крај десната статива, нешто што речиси е и невозможно да се изведе во позиција во која беше Абнер, но тој успеа.
Подоцна во 84. минута Фекир со гол од пенал намали на 3:4, но Бетис загуби со тој резултат, а трагичар е младиот Бразилец кој ја има најголемата фудбалска утка на почетокот на 2023 година.