Натпреварот од групната фаза на Африканскиот куп на нациите помеѓу Египет и Зимбабве имаше многу мала посетеност на почетокот, но на крајот трибините беа речиси полни, имаше околу 30.000 гледачи.
Според „Ле Паризиен“, во текот на мечот на стадионот „Стад Адрар“ во мароканскиот град Агадир, организаторите објавиле бесплатен влез, веста брзо се проширила, па како што течеше мечот, трибините се полнеа.
Контрастот бил впечатлив, од речиси празно на почетокот, до преполно на крајот.
Останува да се види дали организаторите ќе го повторат овој потег и за други натпревари во натпреварувањето.

Фото: Icon Sport

