11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Не сакаше да се поздрави со Русинката, а сега во финалето на кариерата ќе игра против тенисерка родена во Москва

Украинската тенисерка Ангелина Калинина ќе игра во денешното финале на АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим. За Калинина ова е прв вакво финале, а се избори откако во полуфиналниот дуел, по голема борба која траеше речиси три часа, со 7:5, 5:7, 6:2 ја победи руската тенисерка Вероника Кудерметова.

Калинина која е на 47 место на ВТА листата, во кариерата има само еден освоен челинџер турнир, а денеска ќе има шанса да триумфира во еден од најсилните Мастерс турнири.

По победата над Кудерметова, украинската тенисерка воопшто не сакаше да се поздрави со противничката во знак на револт поради агресијата која Русија ја врши над Украина. Калинина е родена во Нова Каховка, место кое Русите го заземаа уште од почетокот на војната и претрпе големи штети. Моментот кога Калинина го доби полуфиналето и одби да се поздрави со Русинката може да го видите ТУКА.

Во финалето, Украинката ќе има нов тежок предизвик и тоа против Елена Рибакина, која игра под знамето на Казахстан, но е родена во главниот град на Русија, Москва.

Освен финалето во женска конкуренција, денеска се играат и двата полуфинални дуели кај мажите.

- Оглас -

Најнови вести