Не сакаше да земе залет, па се посрамоти при изведување на пеналот (Видео)

Бразилскиот гигант Сао Пауло победи на гостувањето кај Либертад со 2:0 во меч од третото коло од групната фаза во Копа Либертадорес. Покрај двата гола, овој дуел го одбележа и промашениот пенал на домашната екипа.

Сао Пауло поведе со 1:0 со голот на Лукас Фереира во 62-рата минута по асистенција на Андре Силва. Токму Андре Силва погоди за 2:0 во 82-рата минута и Сао Пауло по три кола е лидер на табелата со седум бода во групата во која има четири екипи.

Резултатот можеше да биде поинаков доколку домашната екипа го реализираше пеналот во 70-тата минута. Одговорноста да шутира од белата точка ја презеде Лоренцо Мелгарехо, но на крајот фудбалерот на Либертад се посрамоти.

Мелгарехо реши да го шутира пеналот без воопшто да земе залет и шутираше само со еден чекор, но тоа беше високо. Топката удри во пречката и заврши во голаут. Доколку Мелгарехо погодеше, резултатот ќе беше 1:1 и домаќините ќе имаа добри шанси да останат непоразени.

Melgarejo (Libertad) one-step penalty kick against São Paulo
byu/Vinciromero insoccer

- Оглас -

Најнови вести