27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Не се главни кандидати за светската титула, но најконстантни се во Европа во последните години

Фудбалската репрезентација на Шпанија е петти фаворит за освојување на титулата на претстојното Светско првенство во Катар. Квотата за Шпанија да биде првак во обложувалниците Sport Life е 9.00, а резултатите од последните неколку натпреварувања покажуваат дека Црвената фурија е најконстантна европска селекција.

Шпанија е единствената која влегла во топ 4 во последните два циклуса во Лигата на нациите и на Европското првенство минатата година, а притоа се пласира и на Светско првенство како првопласирана во својата квалификациска група.

Шпанците беа финалисти во Лигата на нациите во 2020, полуфиналисти на ЕП 2021, сега пак се на фајналфорот во Лигата на нациите, а на Мундијал отидоа како први во групата.

Од топ 10 селекциите во Европа, само уште Италија има минимум полуфиналиња во Лигата на нациите и на ЕВРО 2020, а единствен кикс им е неодењето на СП 2022. Другите тимови барем двапати потфрлаа во последните две-три години. На пример: светскиот првак Франција ја освои Лигата на нациите 2020 и беше прва во квалификациите за СП 2022, но на ЕП испадна уште во осминафинале, а освои слабо трето место во групата од Лигата на нациите 2022.

- Оглас -

Најнови вести