Баерн Минхен одлучи да го прекине карантинот во кој се наоѓаат играчите на германскиот шампион и ќе почне со стандардните тренинзи на отворено од понеделник.
За 6. април Ханси Флик има закажано прв собир на тренинг комплексот на Баерн, а предвидено е да се тренира во групи со по неколку фудбалери за да се запазат препораките на здравствените работници во екот на кризата со коронавирусот.
Флик, кој вчера потпиша договор со Баерн до 2023 година ќе ги почести играчите со тренинг во пет групи. Четири од нив ќе бидат со по 4 фудбалери, а едната ќе биде составена од петмина играчи за да може комплетниот погон што е на располагање од 21 фудбалер да тренира заеднички по подолг период.
Баерн ќе има пеколен распоред ако продолжи сезоната, бидејќи е конкурентен на три фронта. Во Бундеслигата се лидери и главни кандидати за нова титула, во Лигата на шампионите се на прагот на четвртфинале, откако го декласираа члзи со 3:0 на гостински терен, а останаа во игра и за пехарот во ДФБ покал, односно во националнито куп на Германија. Таму противник во полуфиналето треба да му биде тимот на Ајнтрахт Франкфурт.