Не се како Сан Антонио, ама важно е да се проба – Спарс играа баскет на фудбалски терен, имаше и ковање табли и фрлање бунари (Видео)

Играчите на Тотенхем одлично се забавуваа на тренинг и играа кошарка на фудбалски терен за релаксација пред мечот со Вест Хем, задутре во дербито на Лондон.

Поделени на две екипи, на помал терен од тие што се во кошаркарските сали, ѕвездите на Спарс, Сон, Кејн, Ндомбеле, Харт, Лорис и останатите си ја пробаа среќата и во баскет на два коша.

Имаше и добри акции, но и лоши потези, а двата шута на Девинсон Санчес, кога го промаши обрачот за еден метар и шутот што заврши во бунар покажаа дека Колумбиецот тешко би се снашол под обрачите.

 

- Оглас -

Најнови вести