Украинската тенисерка Елина Свитолина се најде во „слатки“ проблеми откако обезбеди пласман во осминафиналето на Вимблдон, бидејќи го пропушти концертот на омилениот пејач.
Свитолина која во октомври минатата година стана мајка, не се надеваше дека ќе има успешен настап на Вимблдон, и поради тоа купи билети за концертот на омилениот пејач Хари Стајлс кој се одржува вечерва во Виена.
Но, со победите над Венус Вилијамс (2-0 во сетови), Ерика Мертенс (2-1) и Софија Кенин (2-0), Свитолина обезбеди пласман во осминафиналето каде утре ќе игра против Викторија Азаренка.
„Требаше да одам на концерт во Виена на мојот омилен пејач, но Вимблдон ми ги промени плановите.Дали некој сака да оди, имам две влезници“, напиша Свитолина на својот профил на Инстаграм.
Веднаш доби голем број на барања, а една навивачка имаше интересно барање „Ќе одам јас на концерт, доколку Гаел ќе оди“. Сопруг на Свитолина е францускиот тенисер Гаел Монфилс.